• вторник, 24 декември 2024

Врховниот и јавниот обвинител на Израел: Нема основа за апсење на Нетанјаху

Врховниот и јавниот обвинител на Израел: Нема основа за апсење на Нетанјаху

Ерусалим, 22 мај 2024 (МИА) - Главната обвинителка на Израел, Гали Бахарав-Мијара и државниот обвинител Амит Ајсман денеска оценија дека барањето на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан (МКС) за издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант е неосновано.

Како што е наведено, МКС нема јурисдикција да бара налози за апсење против израелските лидери, бидејќи Израел е способен за истрага.

Кан побара налог за апсење на Нетанјаху и Галант, за наводни злосторства поврзани со војната во Газа, вклучително и намерно таргетирање на цивили и употреба на гладување како воена алатка. Тој, исто така, бара обвиненија против тројца водачи на Хамас, за нападот на екстремистичката организација врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Највисоките израелски правосудни претставници објаснија дека израелското правосудство „темелно ги истражува сите веродостојни наводи за прекршување на законот од страна на државните функционери“, додавајќи дека МКС „нема јурисдикција да го истражува ова прашање“.

Безбедносните сили, вклучително и ИДФ (Израелските одбранбени сили), водат војна со целосна посветеност на правилата на меѓународното право, се наведува во заедничката изјава на јавниот обвинител и државниот обвинител. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан