• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло

Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. сст/мд/

Фото МИА архива

Остани поврзан