Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 12 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Во наредните денови ќе следува период на стабилно и потопло време.