• сабота, 23 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 16 октомври 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 19 степени. Од сабота следува период на стабилно време, освен во недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.

Остани поврзан