• четврток, 07 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 24 август 2020 (МИА) - Времето во земјата денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена. Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.

Остани поврзан