Во Јапонија отворено одделение на Американските вселенски сили
- Вселенските сили на САД отворија одделение во воздухопловната база Јокота, западно Токио, со цел зајакнување на капацитетите за одбрана и одвраќање во Вселената
Токио, 4 декември 2024 (МИА) – Вселенските сили на САД отворија одделение во воздухопловната база Јокота, западно Токио, со цел зајакнување на капацитетите за одбрана и одвраќање во Вселената.
На церемонијата на отворање на единицата во американската база, командантот на американските вселенски сили во Индо-пацифичкиот регион, Ентони Масталир истакна дека земјите како Северна Кореја, Русија и Кина ја загрозуваат стабилноста на регионот.
- Американските вселенски сили во Јапонија ќе служат како центар за продлабочување на соработката и синхронизацијата помеѓу САД и Јапонија во националната безбедност, посочи Масталир.
Се очекува новата единица да ја подобри способноста за надгледување и предупредување за проектили на Јапонија преку обезбедување совети и експертиза, истовремено обезбедувајќи непречена координација со јапонската страна, вклучително и Вселенската оперативна група на Воздухопловните сили за самоодбрана.
- Нашите вселенски способности ќе помогнат да се одврати агресијата од противникот, наведе командантот на американските вселенски сили во Јапонија, Рајан Лотон.
Американските вселенски сили во Јужна Кореја активирани се во декември 2022 година. ми/
фото: МИА архива