Во Штип форум „Ден на Источно планскиот регион“
- Како да се задржат младите и да не ја напуштат државата, подобрување на инфраструктурата, како и јакнење на туризмот, се дел од предизвиците со кои градоначалниците од Источно планскиот регион, ќе се занимаваат во наредните години, со цел посилен економски развој. Ова беше истакнато на денешниот форумот на Ден на регионот, кој го организира Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР).
Штип, 18 декември 2024 (МИА) - Како да се задржат младите и да не ја напуштат државата, подобрување на инфраструктурата, како и јакнење на туризмот, се дел од предизвиците со кои градоначалниците од Источно планскиот регион, ќе се занимаваат во наредните години, со цел посилен економски развој. Ова беше истакнато на денешниот форумот на Ден на регионот, кој го организира Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР).
Борчо Коцев,претседател на Совет на градоначалници на ИПР вели дека Брегалниот регион располага со природни богатства кои треба да се искористат.
-Нашата географска средина располага со климатски фактори, со природни богатства, коишто заедно со Центарот за равој на ИПР идниот период ќе се потрудиме да изработиме проекти за развој на туризмот, создавање на подобри услови за граѓаните, како и услови за поконкуретно земјоделие, вели Коцев.
Градоначалникот на Општина, Иван Јорданов вели дека еден од предизвиците за равој на регион е дигитална трансформација на општините.
-Темите на коишто ќе работиме во периодот што следи, можноста за иницирање и развој на туризам, подобруваање на инфраструктурата, создавање на услови како и дигиталната трансформација и меѓуопштинската соработка, промоцијата на дигиталните услоги кон сите корисници и граѓани, што како предуслов верувам дека ќе биде причина за намалување на тој процент и таа тенденција на иселување, вели Јорданов, градоначалник на Штип.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов посочува дека во наредниот период преку Центарот за развој на ИПР , Кочани ќе бара начин конечно да го изгради и Домот за стари лица, со што ќе се реши деценискиот проблем со кои се соочуваат граѓаните од регионот.
-Преку ИПР ќе се обидеме до сите достапни фондови што ќе ни бидат на располагање, да дојдеме до такви средства, бидејќи реално нашите буџети не дозволуватѕ самостојно да градиме и реализираме вакви проекти, но со поддршка и од Центарот и од релевантните институции, сметам дека може да дојдеме до такви средства, изјави Папазов.
Досегашната директорка на Центарот за развој на ИПР, Зуица Ангелова на денешниот настан истакна дека во изминатите шеснаесеттина години преку Центарот во источниот регион се реализирани околу 140 проекти, со кои значително се имат подобрено условите за живот на граѓаните
-Во изминатиот период имаме фотоволтаици, туризмот, реконструкција на стари куќи, манифестациски сали, работени се пристапни патишта,како и историски и туристички знаменитости, како и поплочување на улиците во штипско Ново Село, рече Ангелова, Отворениот ден на Источниот плански регион, финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. вдј/сст/
Фото: МИА