• понеделник, 16 декември 2024

Во Штип се реализира проектот „Физичка активност за сите“

Во Штип се реализира проектот „Физичка активност за сите“
Штип, 22 мај 2022 (МИА) - Карате репрезентативката и фитнес тренер Бојана Манева веќе една година соработува со Здружението со интелектуална попреченост „Порака“-Штип. Штипјанка Манева еднаш во неделата во сала вежба со 17 лица со интелектуална попреченост. Проектот „Физичка активност за сите“ е поддржан од Општина Штип и Советот на Општина Штип. -Целта на проектот е овие лица да имаат физичка активност во сала и преку игра да стекнат навика за физичка активност. Тие имаат преголема желба да вежбаат и навистина јас сум среќна што веднаш ме прифатија како тренер и можеме преку физичката активност да докажеме да го стекнат чувството дека се независни, прифатени и да го покажат нивниот спортски талент, вели Манева. Лицата со интелектулана попреченост над 18 години заедно со Манева вежбаат полесни вежби, како и за координација, а често прават и „Игри и без граници“. Забележува дека професионално се занимава како фитнес тренер и смета дека во моментов има егзистенција од оваа професија. -Во последно време подигната е свеста за физичка активност, за здрав живот и  мислам дека и во текот на пандемијата можеби беше тешко, но повеќе се разбуди свеста кај луѓето, а тоа ми беше и целта и кај лицата со интелектуална попреченост, вели Манева. Игор лице со Даунов синдром заедно со дестина другари од Дневниот центар на Центар за подршка на лица со интелектуална попреченост(ЦПЛИП ) „Порака“ секој четврток е во сала. Вежбаат за подобро здравје. Игор кој има вештини и познавање за  комујутери вели дека тука убаво се забавуваат. Неговите другарки и другари велат дека најдобро од сите ги прави склековите. Голубинка Настова, психолог во дневниот Центар на ЦПЛИП „Порака“ забележува дека проектов кој се реализара заедно со Бојана е вистински погодок за лицата со интелектуална попречност над 18 години. -Лицата со интелектуална попреченост, односно нашите корисници се премногу задоволни и возбудени секогаш кога доаѓаме и се во фитнес салата. Целта е да ги осамостоиме и да ја подобриме нивната физичка активноста. Спортот им помага премногу им ја подобрува концентрацијата, расположението и ги прави среќни, вели Настова. Посочи дека во Дневниот центар се усовршуваат и други животни вештини. Вработените ги охрабравуваат родителите да ги донесуваат со центарот. Во моментов имаат 17 корисници, а место има и за други лица со посебни потреби. вдј/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан