• вторник, 24 декември 2024

Во Штип одбележан Светскиот ден на белиот стап

Во Штип одбележан Светскиот ден на белиот стап

Штип, 15 октомври 2024 (МИА) - Бесплатно се користи јавниот градскиот превоз, има и субвенции на сметките на водата, а дел од членовите на Здружението на слепи лица во Штип, кои го знаат Брајовото писмо сметките за потрошената вода за пиење од ЈП „Исар“ ги добиваат на оваа писмо, истакна денеска на прес-конференцијата Драги Витанов, претседател на Здружението на слепи лица-Штип, Карбинци, Пробиштип, Радовиш и Конче.

Витанов истакна дека ова се должи на добрата соработка со локалната власт, односно со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“, кои какошто вели Витанов имаат слух за барањата на слепите лица во Штип. На Светскиот ден на белиот стап, Витанов додаде дека остануваат да се решат и барањата за подобра инфраструктура, бидејќи на тротоарите и улиците има препреки кои им создаваат проблеми при движењето, какошто се сообраќајните знаци и тротоарите пред пешачките премини.

-Одлична ни е комуникацијата со градоначалникот и директорите на Јавните претпријатија, со цел да ги решиме проблемите или барикадите со кои се соочуваме секојдневно. Во делот на инфраструктурата има присутни бариери, барикади. Поголем дел од нив и полека, полека се решаваат и надминуваат тие проблеми, вели Витанов.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека задача на општината да им го олесни животот на слепите лица или кои имаат проблеми со видот. Решавањето на дел од брањата на Здружението на слепи лица е и резултат на честите средби и разговoри кои ги имаат во текот на годината, а не само на Светскиот ден на белиот стап.

-Доста често вашиот претседател ни алармира за одредени состојби, кои се под наша надлежност мора да напоменам дека дел од проблемите неможеме да ги решиме, но затоа сме во комуникација со министерството за економија и труд. Морам да истакнам дека и долж коритото на река Отиња е поставена и ограда, кое беше долгогодишно барање на Здружението, со цел поголема безбедност на сите пешаци, но и на лицата кои имаат одреден инвалидитет, вели Јорданов.

Тој посочи дека како локална власт стојат на располагање, да се решат сите проблеми и пречки кои ги имаат членовите на Здружението на слепи лица. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан