• вторник, 24 декември 2024

Во Штип дебата „Учи паметно-работи стручно“

Во Штип дебата „Учи паметно-работи стручно“

Штип, 3 февруари 2023 (МИА) - „Учи паметно – работи стручно беше мотото на денешната дебата меѓу средните стручни училишта и бизнис секторот во Штип. Снежана Санева раководител на Секторот за образование во Општина Штип вели дека целта е да се презнтираат придобивките од дуалнот образование, односно учењето преку пракса. Во Штип ова се практикува од претходната година од кога се опфатени околу 40 ученика во трите средни стручни училишта. Тенденција е оваа година да се запишат поголем број на ученици, кои ќе учат со поголем број часови по пракса.

-Бенифитите од дуалната паралелка се гледаат веќе во втора година, првата година е општо образовна како за сите профили. Ние веќе од септември очекуваме нашите работодавачи со кои склучивме договор да дадат техничка соработка, да ги отворат вратите за учениците и да ја применуваат програмата за учење преку работа кај работодавач. Разликата е единствено само зголемениот број на практична настава“,- вели Марија Николиќ директор на средното медицинско училиште „Јане Сандански“- Штип

Има заинтересираност и од страна на учениците да се запишат и да изучуваат дуално образованние, во средното текстилно училиште, а директорките на средното текстилно училиште и средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ се задоволни од отвореноста на компаниите за соработка со учениците.

-Средното текстилно училиште Димитар Мирасчиев за прв пат минатата година склучи договор со четири компании и го воведе смерот техничар за изработка на облека во дуалната паралелка. Имаме зголемен број на час, а за разлика од претходната година може да кажеме дека заинтересираноста е зголемена“ , вели Марина Варадиновска директор на СОУ „Димитар Мирасчиев“.

Финансискиот надоместок го плаќа Министерството за образование и наука, а компаниите имаат обврска да обезбедат ментор во самата компанија кој ќе работи со учениците, да ја платат обуката на менторот и тој да работи со самите ученици. вдј/ дма/

Остани поврзан