• сабота, 23 ноември 2024

Во Центар за една недела санкционирани 184 непрописно паркирани возила

Во Центар за една недела санкционирани 184 непрописно паркирани возила
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 20.09. до 26.09.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 97 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 87 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. аа/лв/

Остани поврзан