• вторник, 17 декември 2024

Во Хрватска стапија на сила новите мерки за бројот на купувачи во продавниците и трговските центри

Во Хрватска стапија на сила новите мерки за бројот на купувачи во продавниците и трговските центри
Загреб, 12 декември 2020 (МИА) - Во Хрватска на полноќ стапија на сила новите мерки на Штабот за цивилна заштита, кои се однесуваат на намалување на бројот на купувачи и посетители во продавниците и трговските центри. Според новите правила, продавниците што имаат простор до 10 метри квадратни можат да имаат по еден клиент, додека продавниците од 11 до 100 метри квадратни метри мора да обезбедат најмалку десет метри квадратн за секој клиент. Продавниците до 200 метри квадратни за секој клиент мора да обезбедат 12 метри квадратни, оние до 2.000 - 16 метри квадратни, а оние поголеми од 2.000 мора да обезбедат 20 метри квадратни за секој клиент. Трговските центри треба да имаат за секој клиент најмалку 16 метри квадратни. Продавниците и трговските центри се должни на влезот јасно да прикажат известување за максималниот дозволен број клиенти и строго да се придржуваат до овие ограничувања. Трговските центри ќе мора да го оневозможат седењето во заеднички простории. паг/

Остани поврзан