Во Франкфурт повеќе лица прободени со нож
- Повеќе лица денеска се избодени со нож во германскиот град Франкфурт

Берлин, 26 јануари 2021 (МИА) - Повеќе лица денеска се избодени со нож во германскиот град Франкфурт.
Напаѓачот е уапсен, а полицијата соопшти дека никој од повредените се се здобил со повреди опасни по живот.
Полицијата не објави детали за напаѓачот, а исто така не го прецизира и бројот на повредени лица.
Според локалната телевизија Ханшенша нападот се случил во близина на главната железнича станица во Франкфурт. ми/