• среда, 27 ноември 2024

Во финална фаза изградбата на паркинг простор во дебарското село Горно Косоврасти

Во финална фаза изградбата на паркинг простор во дебарското село Горно Косоврасти

Дебар, 1 август 2024 (МИА) - Привршуваат работите околу изградбата на паркинг просторот во дебарското село Горно Косоврасти, што е прв ваков инфраструктурен објект.  Паркингот се гради на земјиште во државна сопственост, а ќе опфаќа површина од 270 квадратни метри.

- Иако конфигурацијата на теренот е многу тешка, по многу напори се најде архитектонско решение за да се реализира, тука секако изградбата на всок потпорен ѕид. Станува збор за капитална инвестиција, која ќе биде во служба на жителите на ова живописно село. Инвестицијата изнесува над 7,1 милион денари без ДДВ. Од нив 5,5 милиони се од Бирото за регионален развој додека останатиот дел од општината, објави градоначалникот Хекуран Дука, по увидот во работите.

Селото е на оддалеченост од Дебар на петнаесеттина километри, се протега над селото Долно Косоврасти, познато по бањските локалитети, а живеат над илјада жители.

Дука најави дека Општина Дебар ќе продолжи да подготвува проекти и ќе вложува напори во соработка со централната власт и други институции, за обезбедување средства за нивна реализација, со цел обезбедување на потребните инфраструктурни и други услови, не само во ова туку и во другите населени места. вт/цр

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан