• сабота, 23 ноември 2024

Во Токио средба Јоко - Лазарини

Во Токио средба Јоко - Лазарини

Токио, 29 март 2024 (МИА) – Шефицата на јапонската дипломатија Камикава Јоко на средбата со генералниот секретар на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блиски Исток (УНРВА) Филипе Лазарини побара поголема координација во пружањето на помош на УНРВА.

- Помошта за УНРВА претставува важен извор на приход, посочи Јоко, и повика на поефикасна структурна реформа на Агенцијата со цел да се обезбеди транспарентност на финансирањето и непристрасност на персоналот.

Таа додаде дека за Јапнија е важно да се зајакне управувањето со УНРВА „за да се осигури дека помошта не се користи за терористички активности“.

Лазарини истакна дека со Јапонија ќе биде воспоставена нова рамка која ќе обезбеди транспарентност на проектите.

Неколку земји го суспендираа своето финансирање на УНРВА во јануари годинава по израелските наводи дека 12 од неколку илјади вработени во Агенцијата учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. УНРВА ги истражува тврдењата, но предупреди дека намалувањето на финансирањето може да предизвика катастрофа. ми/

фото: Икс

Остани поврзан