• петок, 05 декември 2025

Во тек се преговорите со министерствата за ребалансот на буџетот, кој во Собрание треба да се најде најдоцна до 25 јуни, изјави Димитриеска Кочоска

Во тек се преговорите со министерствата за ребалансот на буџетот, кој во Собрание треба да се најде најдоцна до 25 јуни, изјави Димитриеска Кочоска

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) - Министерството за финансии интензивно работи на ребаланост на буџетот и во тек се разговорите и преговорите со останатите министерства, информираше денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Преговорите со министерствата се почнати од пред два дена. Ребалансот е во поготовка и какошто рече можеби за две недели од денеска може да зборува посериозни бројки во ребалансот на буџетот.

-Ребалансот на буџетот треба да се најде најдоцна до 25 јуни во собраниска процедура, изјави Димитриеска Кочоска.

Прашана каде ќе се крати најмногу, Димитриеска Кочоска одговори дека токму сега преговараат со министерствата и не може во моментов да говори за овој аспект, а во однос на проекциите на буџетот дали ќе ја задржат истата проекција или ќе одат нагоре или надолу, министерката Димитриеска Кочоска со одговор „нагоре нема да одиме“. вдј/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан