Во текот на една недела санционирани 104 непрописно паркирани возила на тероторија на Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 16-ти до 22 септември 2024 со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 16-ти до 22 септември 2024 со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар, како што велат оттаму, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. сст/са/
фото ЈП ПОЦ