Во Србија предлагаат новинарите да добијат статус на службено лице и бенефициран стаж
- Српскиот Синдикат на полицијата и полициските старешини достави до премиерката Ана Брнабиќ иницијатива за измена на законот за новинарите да добијат статус на службени лица и бенефициран рабо
Белград, 22 ноември 2022 (МИА) - Српскиот Синдикат на полицијата и полициските старешини достави до премиерката Ана Брнабиќ иницијатива за измена на законот за новинарите да добијат статус на службени лица и бенефициран работен стаж, јави Бета.
„Со донесување законски прописи што ќе ги назначат новинарите како функционери на оваа држава, ќе има правна основа дека нападот врз новинари е напад врз државата, како што е сега случајот, на пример, со полицијата“, се вели во соопштението.
Тие сметаат дека на тој начин драстично ќе се намали таргетирањето на новинарите од страна на насилници, а со тоа ќе се намали и бројот на напади врз новинари.
За тоа дека на новинарите треба да им се обезбеди бенефициран стаж би требало да се договорат државните органи, новинарските здруженија и невладиниот сектор
Причината за тој предлог е, како што наведуваат од синдикатот, краткиот животен век на новинарите. паг/