• петок, 24 јануари 2025

Во Србија за 30 отсто зголемен бројот на случаи со заболувања слични со грип

Во Србија за 30 отсто зголемен бројот на случаи со заболувања слични со грип

Белград, 24 јануари 2025 (МИА) - Во Србија за 30 отсто е зголемен бројот на случаи со заболувања слични грип во изминатата недела - од 13 до 19 јануари се регистрирани 10.405 случаи, јавија српските медиуми.

Според Институтот за јавно здравје, д-р Милан Јовановиќ Батут вирусот е регистриран во 22 области во државата со среден интензитет.

Досега се вакцинирани приближно 300.000 граѓани на Сртбија, а вакцините се уште се достапни во здравствените установи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан