• понеделник, 23 декември 2024

Во Собранието заврши расправата за Националната стратегија за спречување на корупција, закажана нова седница

Во Собранието заврши расправата за Националната стратегија за спречување на корупција, закажана нова седница
Скопје, 15 април 2021 (МИА) - Собранието доццна попладнево го заврши општиот претрес по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, што е 21 точка од 32 седница. Во салата беа присутни 65 пратеници, по што претседателот на Парламентот Талат Џафери побара да се гласа за сите точки од 32 седница за кои е завршена расправата, а по кои не се гласаше поради немање кворум. - По завршување со 32 седница, продолжуваме со нова, 36 седница на Собранието, рече Џафери. По ова, реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски, кој забележа дека пратениците не биле претходно информирани дека ќе има нова седница, 36-та. И побара прво да се гласа по 21 точка од 32-та седница, односно за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. - Расправата по оваа точка трае три дена. Со оглед дека претседателката на Комисијата за спречување на корупција Билјана Ивановска е присутна постојано во салата, да гласаме прво за Националната стратегија за спречување на корупција, за Ивановска да може да си замине, а потоа да гласаме за другите точки, рече Мицевски. На ова претседателот Џафери реагираше дека дебатата за Стратегијата е завршена, а претседателката на Комисијата за спречување за корупција не е обврзана да биде присутна во салата на чинот на одлучување. По ова, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побара еден час пауза за да се консултираат во пратеничката група за закажаната нова 36 седница. Процедуралната забелешка беше прифатена од страна на претседателот на Собранието, кое треба да продолжи со работа во 19 и 20 часот. ир/сп/

Остани поврзан