• сабота, 24 август 2024

Во Скопје 224 казнети возачи, 21 без возачка дозвола

Во Скопје 224 казнети возачи, 21 без возачка дозвола
Скопје, 6 јануари 2021 (МИА) - На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 224 мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола. Од МВР денеска информираа дека 20 казни се за управување со брзина поголема од дозволената, а 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Казнети биле и 12 возачи за управување под дејство на алкохол, 10 за користење мобилен телефон, шест за непрописно престигнување и обиколување и осум мерки се изречени за поминување на затворен семафор (црвено светло). - Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР. цр/бак/    

Остани поврзан