• петок, 08 ноември 2024

Во Скопје 158 сообраќајни прекршоци, 49 за брзо возење

Во Скопје 158 сообраќајни прекршоци, 49 за брзо возење
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - На територија на град Скопје вчера беа изречени вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за возење без возачка дозвола, соопшти МВР.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 57 за непрописно паркирање.  -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласува МВР. ац/

Остани поврзан