Во Сирија во борбите од 27 ноември загинаа 514 лица
- Бројот на загинати во борбите во северна Сирија, каде што коалицијата на бунтовничките групи предводени од исламисти започна голема офанзива, се искачи на 514 мртви, меѓу кои 92 цивили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Лондон, 2 декември 2024 (МИА) - Бројот на загинати во борбите во северна Сирија, каде што коалицијата на бунтовничките групи предводени од исламисти започна голема офанзива, се искачи на 514 мртви, меѓу кои 92 цивили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Меѓу убиените се 268 борци на исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) и сојузничките бунтовнички фракции, 154 војници и провладини борци, како и 92 цивили, соопшти невладината организација. паг/
Фото: МИА архива