• четврток, 05 септември 2024

Во Сараево светска премиера на најновата композиција од Дарија Андовска

Во Сараево светска премиера на најновата композиција од Дарија Андовска

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Во Сараево вечер ќе бие светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.

Станува збор за нејзината најнова композиција „Apoptotic Bodies” за гудачки оркестар и фиксен медиум, напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour.

На оваа турнеја, покрај ремек-делата на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе бидат изведени четири нови композиции, нарачани од No Borders Orchestra.

Светската премиера на новите 4 композиции е вечер  во Сараево, каде воедно  започнува нејзиниот  балкански дел на турнејата, кој веќе на 6.9.2024 продолжува во Нови Сад.

Се очекува оваа програма да се сними и издаде на носач на звук од Deutsche Gramophon.

Дарија Андовска е една од најплодните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност - Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

Kомпозицијата „Зајди, зајди" од Дарија Андовска за глас и пијано, напишана по нарачка Ема Николовска - мецосопран, во чија изведба заедно со Howard Watkins/Charles-Richard Hamelin на пијано на 10 ти март годинава  ја имаше својата светска премиера во Berkeley California, CalArts, по која следуваа нејзини изведби во Vancouver Recital Society, Montréal - Salle Bourgie, Toronto - Koerner Hall,  NYC Carnegie Hall, Weill Hall, Ottawa Chamberfest, London, Ontario - University of Western Ontario.

Инаку оваа  и други композиции од Дарија Андовска беа изведени во Холандија, Германија, Италија,

Воедно на 12 септември годинава  во MC Gallery во Њујорк, Иван Наумовски - баритон и Ана Гацева - пијано, во рамките на својот рецитал, ќе изведат 4 композиции од циклусот “Песни од татковината“ на Андовска.ад/са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан