• среда, 25 декември 2024

Во Русија осуден Американец на 15 години затвор поради шпионажа

Во Русија осуден Американец на 15 години затвор поради шпионажа

Москва, 245 декември 2024 (МИА) – Судот во Русија денеска  осуди американскиот државјанин Џин Спектор на 15 години затвор поради шпионажа.

Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението.

Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан