• среда, 27 ноември 2024

Во Пробиштип се реконструира улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“

Во Пробиштип се реконструира улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“

Пробиштип, 30 септември 2024 (МИА) - Во тек е реконструкцијата на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Посочи дека проектот предвидува два асфалтни слоја, изградба на нови тротоари со бехатон коцки и рабници, како и изградба на потпорен ѕид на дел од улицата.

-Проектот се изведува со средства од Светска банка преку Министерството за транспорт, а изведувач е Стоименов дооел Кочани.

Досега се изградени потпорните ѕидови со должина од 155 метри, додека вкупната должина на улицата е 288 метри, дополнително се направени пристапни скали кон влезовите, кои првично не се предвидени со проектот, а ќе се постави и заштитна ограда, вели Анастасов.

Тој истакна дека првиот слој асфалт на улицата  е завршен, останува уште еден слој асфалт кој ќе се постави во текот на оваа недела, како и доуредување на тротоарите, по што ќе следи и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Анастов вели општината ќе продолжи да работи за подобри услови на сите граѓани. вдј/дма/

Фото: Општина Пробиштип 

Остани поврзан