• недела, 05 јануари 2025

Во пожар во близина на Сеул повредени 35 лица, повеќе од 300 евакуирани

Во пожар во близина на Сеул повредени 35 лица, повеќе од 300 евакуирани

Сеул, 3 јануари 2025 (МИА) - Во пожар што попладнево избувна во зграда во јужнокорејскиот град Сеонгнам, јужно од Сеул, повредени се 35 лица, а повеќе од 300 се евакуирани, јавуваат јужнокорејските медиуми.

Локалните медиуми објавија видео од катната зграда обвиена во црн чад, а се претпоставува дека пожарот избувнал од долните катови.

Пожарот го зафатил големиот трговски комплекс БИЦ, по што во објектот бил вклучен алармот за пожар.

Пожарникарите распоредија 82 возила и опрема јужно од Сеул за да го стават пожарот под контрола откако избувна во ресторан на приземјето на прометна комерцијална зграда, во која има и базен каде што децата посетуваат настава. мс/

фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан