• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Пирот отворен прв објект на „Стокомак“ во Србија

Во Пирот отворен прв објект на „Стокомак“ во Србија

Белград, 23 април 2025 (МИА) - Во Пирот денеска беше отворен првиот објект во Србија на познатиот синџир маркети од Македонија „Стокомак“.

Објектот има над 600 м/квадратни продажен простор. 
-На понуда се околу 1.400 артикли, изјави Зоран Младеновиќ, извршен директор на компанијата Стокомак за Србија.
- Планот за Србија е да почне од овој регион, југ и југоисточен. Планирано е во следните неколку месеци да се отворат осум продавници во оваа област. Во понудата се квалитетни производи од светски брендови, српски производи, како и брендови на Стокомак, вели Младеновиќ. зш/

Остани поврзан