• сабота, 23 ноември 2024

Во Пехчево одбележана 79-годишнината од смртта на народниот херој Ванчо Китанов

Во Пехчево одбележана 79-годишнината од смртта на народниот херој Ванчо Китанов
Делчево, 23 мај 2022 (МИА) - Во Пехчево одбележана 79-годишнината од смртта на народниот херој Ванчо Китанов. По тој повод пред неговиот споменик беше положено цвеќе од страна на повеќе институции и граѓани од Пехчево.
- Денеска делегација од Општина Пехчево предводена од градоначалникот на општината, Александар Китански и делегација од ООУ „Ванчо Китанов", предводена од страна на директорката на училиштето Добрила Јовевска, положија свежо цвеќе пред споменикот на Ванчо Китанов, а празникот од страна на училиштето беше одбележан со спортски игри во Спортската сала „Јане Сандански" во Пехчево, информираа од Општината.
За животот и делото на народниот херој, свое излагање имаа ученици од истоименото училиште.
- Повод за прогресивната и напредна ориентација на Ванчо Китанов била антифашистичката осуда и желбата лично да придонесе во борбата за национално ослободување и осамостојување на својот народ. Во борбата тешко бил ранет и умрел на 21 Мај 1943 година во Штипската болница, истакнаа учениците во рефератот за делото на Китанов.
Ванчо Китанов е роден на 2 мај 1925 година во Пехчево. Датумот на неговата смрт, 21 мај, се слави и како патронен празник на пехчевската деветолетка. вс/ар/

Остани поврзан