Во Охрид 13. Меѓународна научна конференција „Водици 2025“
- „Колективна меморија, политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“ е темата што ќе биде во фокусот на дискусите на 13. Меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“.
Охрид, 17 јануари 2025 (МИА) – „Колективна меморија, политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“ е темата што ќе биде во фокусот на дискусите на 13. Меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“.
На научниот собир што наредните два дена ќе се одржува во Охрид и дел во Битола, ќе бидат презентирани 54 трудови од 68 учесници кои доаѓаат од 14 држави.
Како што посочи Рубин Земон, колективната меморија игра важна улога во политиката и општеството. Таквите тврдења досега се вообичаени во научните и политичките дискурси.
- Колективната меморија стана моќен симбол на многуте политички и општествени транзиции кои се во тек, иако има и нешто општо и епохално во нашиот навидум распространет интерес за меморијата. Новите решенија бараат начин да се надминат остатоците од нивните претходници, додека воспоставените системи се соочуваат со пораст на историската свест...Колективните сеќавања се спомени споделени од група кои влијаат врз нивниот идентитет како заедници, рече меѓу другото Земон.
Како што беше истакнато на собирот, историјата на научниците кои ја проучуваат меморијата не е само проблем одвнатре туку и одговор на барањата на сегашноста. Интересот на антрополозите не е само да се следи што всушност се случило туку да се открие како историска содржина се користи во актуелниот процес на градење идентитет.
Пред учесниците на Конференцијата се обрати и заменик-градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, која посочи на практиката од најново време на тлото на Европа да се прават обиди за бришење на историјата и посегнување кон историски ревизионизам.
- Колективните сеќавања, историските трауми, историографијата на нациите во значаен дел се користат за борба за власт и доминација. Други актери во општеството свесно го ползуваат пишувањето на историјата за исполнување на сопствени интереси. Оттаму и важноста од рече таа.
Научната конференција се одржува во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ - Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција и Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија. аб/цр
Фото: МИА