• сабота, 23 ноември 2024

Во Општина Центар за седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила

Во  Општина Центар за седум дена санкционирани 237 непрописно паркирани возила

Скопје, 4 март 2024 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Тие инфoрмираат дека во периодот од 26-ти февруари до 3 март со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле 128 непрописно паркирани возила, додека со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 109 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Воедно најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места. Целта е да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. ад/сст/

фото ЈП ПОЦ

Остани поврзан