Во Општина Лозово партерно и хортикултурно ќе се уреди Паркот над пругата и кај Општинската зграда
- Во Општина Лозово започна рализација на проектот „Реконструкција и партерно уредување на КП 2055 и КП 2411 во населено место Лозово, Општина Лозово“. Истиот има за цел изградба на плоштади во близина на кружниот тек кој се наоѓа над пруга во населено место Лозово и просторот околу општинската административна зграда.

Велес, 6 август 2025 (МИА) - Во Општина Лозово започна рализација на проектот „Реконструкција и партерно уредување на КП 2055 и КП 2411 во населено место Лозово, Општина Лозово“. Истиот има за цел изградба на плоштади во близина на кружниот тек кој се наоѓа над пруга во населено место Лозово и просторот околу општинската административна зграда.
Во рамите на овој проект се прави реконструкција, партерно уредување и осветлување на просторот на овие две парцели (КП 2055 и КП 2411). Проектот се гради со средства од над 5 милиони денари од Министерството за локална самоуправа и Општина Лозово.
Изведувач на градежните работи е „ИНФЕС ГРУП 2016“, проектант е „Хидро градежен инженеринг“ Скопје, а проектот го спроведува Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Како што информира за МИА градоначалникот Бошко Цветковски, во рамки на проектот ќе се изврши комплетно партерно и хортикултурно уредување на просторот, ќе се постави урбана опрема и осветлување, ќе се зголеми зеленилото и јавната чистота во овие два дела од населбата, ќе се создаде современ и пријатен простор за одмор и релаксирање наменет за посетителите и локалното население. ќе се изгради детско игралиште со вештачка трева и ограда кое ќе го користат најмладите.
Проектот е во рамки на програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година. ад/нд/
Фото: МИА