• сабота, 23 ноември 2024

Во општина Зрновци се гради сообраќаен пристап и паркинг простор за детската градинка „Бисерчиња“

Во општина Зрновци се гради сообраќаен пристап и паркинг простор за детската градинка „Бисерчиња“

Кочани, 23 септември 2024 (МИА) – Комплетно нов сообраќаен пристап и паркинг простор ќе добие детската градинката „Бисерчиња“ во Зрновци. Градежните работи се во тек, изведувач е компанијата „Ленди груп“, а носител на активностите е Локалната самоуправа на Зрновци.

Инвестицијата е дел од проектот за подобрување на сообраќајната инфраструктура со кој е почната изградбата на нов локален пат од 2,5 километри од Зрновци до селото Мородвис, а за што од Министерството за транспорт и врски беа обезбедени околу 30 милиони денари.

- Се работи на реконструкција на пристапната улица до градинката, при што се гради и тротоарска површина во должина од 150 метри и паркинг простор за дваесетина возила, што ќе биде наменет за родителите кои ги носат своите дечиња. Со оваа инвестиција сакаме да ја подобриме безбедноста на пешаците и на останатите учесници во сообраќајот, да го доуредиме просторот и естетскиот изглед околу детската установа, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Во инвестицијата за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Зрновци е вклучена и изградбата на улицата „Филе Ристов“, како и спој на улицата „Никола Карев“ со нова сервисна улица. Според договорот, градежните работи треба да с екомплетираат до крајот на октомври. та/ир

Фото: МИА

Остани поврзан