• среда, 25 декември 2024

Во Општина Гази Баба почнуваат две капитални инвестиции

Во Општина Гази Баба почнуваат две капитални инвестиции
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Во Општина Гази Баба денеска беше означен почетокот на две капитални инвестиции во вредност од околу 30 милиони денари. Како што соопштија од општинската Прес-служба, првата капитална инвестиција се однесува на градбата на првата фаза од фекалната канализација во населеното место Црешево во вкупна должина од 2.400 метри во вредност од 20 милиони денари, обезбедени од буџетот на Општината. Додека, пак, втората инвестиција се однесува на третата фаза од изградбата на фекалната канализација во населеното место Гоце Делчев во вкупна должина од 1000 метри, инвестиција вредна осум милиони денари. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски истакна дека со денешните почнати два проекти ќе биде опфатена канализациона мрежа во должина од околу 3.5 километри и вкупната инвестиција околу 30 милиони денари. - Освен во овие два проекти, реализираме паралелно и приклучоци на фекална канализација во населеното место Јурумлери, а наскоро ќе имаме можност да ја пуштиме во употреба фекалната канализација со изградена пречистителна станица во населеното место Смилковци. Во Гази Баба се реализираат проекти во сите населени места и во сите области. Гази Баба го слуша гласот на народот и согласно нивните барања и потреби започнуваме со проекти со кој што се решаваат децениските проблеми на граѓаните, истакнал Стефковски. фф/сп/

Остани поврзан