• среда, 27 ноември 2024

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата

Сант Андрас, 10 мај 2023 (МИА) - Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас.

Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста добро ја извршува својата функција кога станува збор за брза хидратација на организмот, а во топло време, напивките со малку шеќер, масти, сол или протеини се уште покорисни бидејќи нè одржуваат хидрирани подолго време. Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот, раководеше на испитувањата.

Меѓу факторите што влијаат на тоа колку напитокот хидрира е поврзан со неговиот состав. Така, млекото го хидрира телото подобро од обичната вода бидејќи содржи шеќерна лактоза, некои протеини и малку масти. Млекото исто така содржи сол, што делува како сунѓер и ја задржува водата во телото, што резултира со помалку глад.

- Написот нѐ потсетува на она што го знаевме претходно - електролитите, како што се натриумот и калиумот, придонесуваат за подобра хидратација, додека калориите содржани во напивката влијаат на побавното празнење на желудникот и затоа потребата за поретко мокрење, вели Мелиса Мајумдар, диететичарка која не учествуваше во испитувањата.

Сепак, пијалаците со повеќе концентрирани шеќери, како што се овошните или газираните сокови, не придонесуваат толку за рехидратација, како соковите со помалку шеќер.

- Напротив, зашеќерените пијалаци внесуваат во телото дополнителни шеќери и калории коишто не нѐ заситуваат како храна, појасни Мајумдар.

Според неа, сепак, водата е „најевтиниот хидратантен крем“. Бубрезите и црниот дроб зависат од вода за да се ослободат од токсините од телото, а таа, исто така, има клучна улога во одржувањето на еластичноста и на кожата. Не треба да се занемари и испиената количина, бидејќи колку повеќе течност се внесува, толку побрзо се празни желудникот, а течноста потоа оди во крвотокот, па низ цело тело.  си/ссм/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан