Во Неготино излезеност од 24,17 отсто до 13 часот, во Демир Капија 34,21, во Росоман 27,10 проценти
- Како што информираат од општинските изборни комисии за МИА, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица.
Неготино, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Неготино излезеноста е 24,17 отсто до 13 часот, во Демир Капија 34,21, во Росоман 27,10 проценти. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, во Демир Капија на 11 и во Росоман се спроведува вториот круг од локалните избори на 10 избирачки места.
Неготинци избираат меѓу Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ. Во Демир Капија се бира меѓу досегашниот градоначалник, Лазар Петров од СДСМ и Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ. Росоманци може да го дадат гласот за досегашниот градоначалник, Стојан Николов од СДСМ или за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски.
Како што информираат од општинските изборни комисии за МИА, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица. свд/бд/
Фото: МИА архива