Во НБА рекордни шест трипл-дабл во еден ден
- Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, е поставен рекорд за најмногу трипл-дабл остварувања во еден натпреварувачки ден.

Вашингтон, 18 март 2021 (МИА) – Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, е поставен рекорд за најмногу трипл-дабл остварувања во еден натпреварувачки ден.
Шест играчи ноќта среда кон четврток имаат двоцифрени достигнување во три статистички категории: Расел Вестбрук (Вашингтон), Џејмс Харден (Бруклин), Бен Симонс (Филаделфија), Домантас Сабонис (Индијана), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Никола Јокиќ (Денвер).
Претходно, рекордот по бројот на трипл-дабл во еден ден беше пет и беше поставен на 14 март. зс/