• недела, 28 јули 2024

Во Москва се очекува состанок на Гутереш и Путин

Во Москва се очекува состанок на Гутереш и Путин
Москва, 26 април 2022 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во Москва треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но очекувањата од средбата се мали, бидејќи досегашните дипломатски напори пропаднаа, јави Би-Би-Си.
Како што се наведува, се очекува разговорите меѓу Путин и Гутереш да се фокусираат на опколениот град Мариупол, каде што руските сили, и покрај прогласувањето на победата, не успеаја да ја освојат фабриката за челик Азовстал.
Украина побара од Гутереш да гарантира хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се кријат во Азовстал.
Шефот на ОН се очекува да отпатува за Киев во четврток за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски. паг/
   

Остани поврзан