• понеделник, 23 декември 2024

Во Москва втор ден по ред е соборен температурниот рекорд

Во Москва втор ден по ред е соборен температурниот рекорд

Москва, 3 јули 2024 (МИА) - Во Москва денеска е соборен температурниот рекорд за 3 јули, поставен пред 107 години, бидејќи се измерени 32,5 степени.

-Температурата во Москва достигна 32,5 степени, што е за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд, кој беше во 1917 година, односно, пред 107 години, изјави Роман Вилфанд, научен директор на Хидрометеоролошкиот центар на Русија.

Тој појасни дека рекордната вредност за 3 јули во Москва била плус 32,2 степени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан