Во Македонска Каменица се чистат патиштата од снег
- По денешните снежни врнежи, екипи за зимско одржување на патиштата во Македонска Каменица се вклучени во расчистување на најфреквентните локални патишта на целата територија од целата општина. Во моментов, како што информираше градоначалникот на Општината Димчо Атанасовски, се третираат и патиштата во приградските населби.

Македонска Каменица, 17 февруари 2024 (МИА) - По денешните снежни врнежи, екипи за зимско одржување на патиштата во Македонска Каменица се вклучени во расчистување на најфреквентните локални патишта на целата територија од целата општина. Во моментов, како што информираше градоначалникот на Општината Димчо Атанасовски, се третираат и патиштата во приградските населби.
-Екипите се мобилизирани и активно работат и на расчистување на снегот на повисоките рурални подрачја, каде што снежните врнежи се најизразени, информираше Атанасовски.
Иако најголемиот дел од локалните патишта веќе се проодни, екипите, како што додаде, ќе продолжат со активности, сѐ до целосно нормализирање на сообраќајот и овозможување на непречена мобилност и до најкрајните населени места во руралните средини.
-Апелираме до возачите да бидат внимателни при движењето поради можните замрзнати делови на патиштата. Да ги почитуваат мерките за безбедност, да користат зимска опрема и да управуваат со возилата со брзина прилагодена според условите на патот, додаде Атанасовски.
Доколку граѓаните имаат потреба од дополнителни информации или интервенции на терен, апелираше да ги контактираат дежурните служби на телефонскиот број 070/298 - 144. вс/мд/
Фото: Општина Македонска Каменица