Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница
- Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен.
Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево,... седум во Штип и Гевгелија, шест во Куманово и Лазарополе, пет во Скопје Петровец, Струмица, Дебар, Претор и Велес, четири во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Демир Капија, три во Кавадарци, два во Битола и Тополчани.
Како што информира изутринава Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, на Попова Шапка се измерени -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. лв/
фото:МИА архива