• сабота, 05 октомври 2024

Во Лондон средба на премиерот Мицкоски со српскиот претседал Вучиќ

Во Лондон средба на премиерот Мицкоски со српскиот претседал Вучиќ

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Пријателска средба со Александар Вучиќ, претседател на Република Србија во Лондон на Самитот на европската политичка заедница, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

- Разговаравме за продлабочување на соработката, како и за мирот и стабилноста на регионот.
Добрососедските односи се клучен фактор за просперитет и развој на земјите од Балканот, и во тој контекст се договоривме наредниот период да продолжиме со добрата комуникација помеѓу двете земји.
Економијата и трговската размена, како и подобрување во инфраструктурното поврзување помеѓу Македонија и Србија треба да бидат значаен фактор кон развивање на двете земји, објави Мицкоски на фејсбук. цр/дма/

Фото: фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан