• сабота, 20 јули 2024

Во Лондон премиерот Мицкоски остварил средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III

Во Лондон премиерот Мицкоски остварил средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

- Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области, напиша Мицкоски.

Оваа средба, како што објави премиерот Мицкоски,  претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство. цр/дма/

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Остани поврзан