Во Лондон автомобил се забил во полициска станица, зградата евакуирана
- Британската полиција соопшти дека привела маж откако со својот автомобил се забил во полициска станица во северен Лондон. Инцидентот се случил нешто пред 19 часот во полициската станица Едмон
Лондон, 12 ноември 2020 (МИА) - Британската полиција соопшти дека привела маж откако со својот автомобил се забил во полициска станица во северен Лондон. Инцидентот се случил нешто пред 19 часот во полициската станица Едмонтон, која потоа е евакуирана.
Нема извештаи за жртви, а други детали за инцидентот не се познати.
На почетокот на овој месец, Велика Британија го зголеми степенот на закана од тероризам на сериозен, што значи дека нападот се смета како веројатен, по неодамнешните инциденти во Франција и Австрија, иако Владата тврди дека не постои специфична закана. паг/