• петок, 05 декември 2025

Во Лисабон загинаа најмалку три лица откако трамвај излета од шини

Во Лисабон загинаа најмалку три лица откако трамвај излета од шини

Лисабон, 3 септември 2025 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини.

Несреќата се случи на линијата „Глорија“, отворена во 1885 година и го поврзува плоштадот „Ресторадориш“ во центарот на Лисабон со квартот Барио Алто, познат по ноќениот живот. 

Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, изрази сочувство до роднините на жртвите. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан