Во Куманово успешно се спроведува мерката за поддршка за самовработување за лица со попреченост
- Заменик министерот за економија Марјан Ристески, заменичката постојана претставничка на УНДП Анна Чернишова, в.д. заменичката директорка на АВРСМ Весна Пешова, заедно со претставници од Агенцијата за вработување Куманово, денеска посетија две компании, кафе бар и студио за тетовирање во Куманово основани од лица со попреченост.
Куманово, 3 декември 2024 (МИА) - Заменик министерот за економија Марјан Ристески, заменичката постојана претставничка на УНДП Анна Чернишова, в.д. заменичката директорка на АВРСМ Весна Пешова, заедно со претставници од Агенцијата за вработување Куманово, денеска посетија две компании, кафе бар и студио за тетовирање во Куманово основани од лица со попреченост. Наредната година ќе се одвојат повеќе средства за АВРСМ за креирање на мерки кои ќе бидат уште подостапни за лицата со попреченост, најавија надлежните од министерството. Заменик министерот Ристески, рече дека ова е една од најактивните мерки која ја искористиле лица со попреченост и очекува зголемување на бројката на корисници наредните години. Досега на ниво на земјава ја искористиле 300 корисници.
- Моментално министерството за економија во координација со АВРСМ и Агенцијата за развој на претприемништвото на Македонија работиме на нови активни мерки, на нов оперативен план кои ќе бидат поефективни, поекспедитивни, подостапни, потранспарентни во однос на користењето на сите граѓани во Македонија, посебно за лицата со попреченост. Од наредната година ќе има дополнителни околу шест милиони евра во буџетот на Агенцијата за вработување, мислам дека тие мерки ќе бидат доста практични и добро анализирани и спроведени, изјави заменик министерот за економија.
Ристески рече дека нема да се копираат мерките од претходните години. Наредната година ќе се носта мерки кои ќе бидат во согласност со денешните потреби за вработување на младите луѓе во однос на дигитализацијата и трансформација на зелената економија. Како што посочи, одговарајќи на новинарски прашања, мерките веќе ги осмислува тимот од министерството во соработка со АВРСМ и Агенција за претприемништво.
- Брзо ќе излеземе и ќе бидат имплементирани со новиот буџет за 2025, најави Ристески. Во однос на барањата на дел од претприемачите и бизнис заедницата, дел од мерките ќе се реализираат и во соработка со министерството за образование во насока на подобрување на дуалното образование, креирање кадри за потребите на пазарот на трудот.
ВД директорката на АВРСМ, Пешова кажа дека преку мерката поддршка преку самовработување за лица со попреченост, отворени се 300 бизниси, во Куманово има шест. И таа очекува бројката постојано да расте. Мерката функционира од 2016-та година.
Чернишова речедека нема подобар начин мерката ја спроведуваат во соработката со Владата, целта е да се помогнат и поддржат овие лица и самите да станат економски одржливи, никој да не биде изоставен, да стане дел од општеството, самите да станат работоспособни и во некои случаи да вработуваат лица.
- Со гордост можам да кажам дека една од најуспешните програми на УНДП којашто се спроведува и целосно е финансирана од Владата. Би сакал да потенцирам дека приоритетите на оваа програма е да се овозможат социјални пакети, да се намали невработеноста и никој да не биде изоставен. Ова е програма која се спроведува во период од десет години и вклучува активни мерки за вработување, пристап до малите бизниси и се тарегтираат поранливи категории како што се Роми и лица со попреченост и самите можете да ги забележите резултатите, гледате веќе колку е успешно, рече Чернишова. ам/са/
Фото МИА