• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Куманово доделени потврди за учество на образовни и лични асистенти во средно образование

Во Куманово доделени потврди за учество на образовни и лични асистенти во средно образование

Куманово, 17 јули 2025 (МИА) - Претставници од секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од Општина Куманово, денеска доделија потврди на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост во средното образование, преку проектот „Инклузивна училница 3“, информираа од општина Куманово. Проектните активности се одвиваа во период од девет месеци, во рамки на програмата на општинско – корисна работа 2024/25 година, со поддршка од Агенцијата за вработување и Општина Куманово.

Учесниците беа ангажирани дваесет работни часа неделно, девет месеци. Активностите се спроведуваа во три средни училишта во Куманово „Перо Наков“, „Киро Бурназ“ и „Наце Буѓони“ Куманово, во паралелки на македонски и албански наставен јазик.

Учесниците беа ангажирани на две позиции, образовен асистент во средно образование кој им помагаше на учениците при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник. За оваа позиција беа ангажирани единаесет се однесуваат образовни асистенти во училишта, каде што наставата се одвива на македонски наставен јазик, а тројца (три) работни позиции се однесуваат на образовни асистенти во училишта, каде што наставата се одвива на албански наставен јазик. Како личен асистент во средно образование дел од ангажираните понудија индивидуална помош и поддршка при движење во просторот на училиштето, помош и поддршка при патување до и од образовната установа и други пропратни активности. ам/

Фото МИА и Општина Куманово

Остани поврзан