• петок, 05 декември 2025

Во Крива Паланка се реализираат проекти за култура на одржлив развој преку врсничка едукација

Во Крива Паланка се реализираат проекти за култура на одржлив развој преку врсничка едукација

Крива Паланка, 11 септември 2025 (МИА) - Учење традиционални рецепти од возрасните, подигнување на свеста за важноста на одржливоста на заедницата и еколошката свест преку врсничка едукација се главните активности во проектите на СУДЕКУ групите од Крива Паланка што се реализираат со поддршка од Швајцарскиот педагошки факултет за едукација од Цирих.

Делегација од Швајцарскиот педагошки институт оствари работна посета на Општина Крива Паланка каде втора година по ред групи млади и возрасни лица во координација со Здружението за унапредување меѓусебна доверба ТАКТ, во партнерство со Општина Крива Паланка и соработка со Педагошки факултет „Св.Климент Охридски", Скопје, го имплементира проектот СУДЕКУ, уникатна програма за врсничка едукација - образовен процес во кој млади и возрасни со слично знаење и искуство, учат еден од друг - поттикнуваат активно учество и критичко размислување во заедницата.

Претставниците од Општина Крива Паланка ја претставија и истакнаа успешната соработка со ТАКТ и тимот млади луѓе кои реализираат еко-иницијативи и активности за подигнување на свеста за демократска култура на одржлив развој.

- Овој концепт на учење преку посредно пренесување и трансфер на знаењата од возрасните единки на заедницата, како корисничките на Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење при Црвен Крст Крива Паланка на самите членови на општеството, ја унапредува демократската култура на одржлив развој, а исто така и младите луѓе кои преку активности и иницијативи за подигнување на свеста за важноста на одржливоста на заедницата, е нешто што ја зајакнува самата заедница и во овој регион, но и во останатите две општини, Куманово и Карпош, Скопје каде се применува истиот принцип на меѓу врсничка заедница, истакна Надин Рицер од институтот и универзитет за едукација во Цирих.

Во Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење, група родители или традиционални рецепти што ги интегрира во заедничка акција за одржување високо ниво на демократска култура, додека млади средношколци потпомогнати од општината, јавните претпријатија и образовните институции во Крива Паланка креира и имплементира еко-иницијативи што се одлично прифатени и видливи во заедницата.

Делегацијата се сретна со претставници на Општина Крива Паланка, разменувајќи искуства за воспоставените партнерства и соработка, се имаше прилика и да го посети манастирот"Св.Јоаким Осоговски" и ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Од општината посочија дека меѓународната соработка на останува на високо ниво, а општината е и продолжува да биде партнер на младите.ид/лв/

Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан