• среда, 27 ноември 2024

Во Крива Паланка се одржа „Форум за родова еднаквост и различност“

Во Крива Паланка се одржа „Форум за родова еднаквост и различност“

Крива Паланка, 26 март 2024 (МИА) – Граѓански организации, институции од областа на социјална заштита, воспитно-образовни институции, граѓански сектор, како и семејства на лица со попреченост учествуваа на денешниот „Форум за родова еднаквост и различност“ што е дел од  проектот „Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост“, поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, во соработка со Општина Крива Паланка.

- Овој форум се реализира во Крива Паланка како шеста во низата од вкупно 17 општини во државата вклучени во проектот. Форумот преставува клучна платформа за дијалог и соработка со цел да се поттикне инклузивност и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници. Низ консултација со граѓаните на теми родова рамноправност, борба против дискриминација и инкорпорирање на интерсекторски пристап при решавања на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, изјави Теа Зографска, проект–менаџер од Национален совет за родова рамноправност.

Проектот се спроведува од страна на Национален совет за родова рамноправност, Полио Плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар.

Со информациите што ги добиваат низ форумскиот процес се финализира истражувањето спроведено во првата фаза од проектот, со анализи на стратешките документи на општините.

- Целта е да ги истражиме перспективите на жените и мажите во општините, меѓу нив и Крива Паланка, од интерсекциски аспект, односно потребите и проблемите на жените од помалите етнички заедници, вклучително и Ромките и Ромите, пристапот до сервиси, нивната работна активност и нивното учество во одлучувањето и учество во креирање на локални политики, додава Зографска.

Во претстојниот период ќе следи презентација на наодите, по што сите 17 општини ќе добијат ре-грантирање за граѓански организации што ќе работат на подобрување на утврдените нереализирани потреби. Проектот е со траење од 36 месеци.ид/ар/

Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан