• сабота, 16 ноември 2024

Во Крива Паланка работилница за родово одговорно буџетирање 

Во Крива Паланка работилница за родово одговорно буџетирање 

Крива Паланка, 31 октомври 2024 (МИА) - Општина Крива Паланка во соработка со канцеларијата на UN Woman, Скопје денеска организираше работилница за родово одговорно буџетирање и развивање родови индикатори за локални буџетски програми.

Работилницата со фокус на општинската администрација и раководители на сектори опфати три сегменти: протоколи на општината за развивање локални програми за вклучување на родовата перспектива, што ги претстави Лидија Митовска од Општина Крива Паланка, координатор за еднакви можности, додека Наташа Амдиу експертка од UN Woman говореше за родово одговорно буџетирање, вклучување на родовата перспектива и креирање индикатори, како и подготовка на локални програми со развој на родови индикатори за локални програми.

Работилницата е дел од проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија", фаза 2 и програмата „Промовирање родово одговорно управување во Република Северна Македонија" во која општината учествува заедно со канцеларијата на UN Woman, Скопје. ид/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан